Веб страницата ХалкЕко (
www.halkeco.mk) е управувана од Халк Банка АД Скопје. Халк Банка АД Скопје согласно Законот за заштита на личните податоци, во својство на контролор, има донесено и објавено
Политиката за приватност (Ве молиме за повеќе информации кликнете на
halk_politika_za_privatnost.pdf).
Податоци за контролорот: Халк Банка АД Скопје со седиште на бул. „Свети Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, РС Македонија. Е-маил:
halkbank@halkbank.mk. Контакт: +389 (0)2 3240 800.
Контакт информации од офицерот за заштита на личните податоци:
privacy.officer@halkbank.mk
Халк Банка преку проектот ХалкЕко има за цел зголемување на свеста за еко активности и зачувување на животната средина. При користење на апликацијата ХалкЕко, секој корисник со секој поминат километар во пешачење, трчање или возење велосипед придонесува за зголемување на еко свеста, намалување на емисија на CO₂ и за засадување нови дрвја на територијата на Република Северна Македонија.
Повеќе информации за преземање и користење на апликацијата ХалкЕко можете да прочитате во Правила и услови за користење на апликацијата ХАЛКЕКО.
ХалкЕко веб-страница (
www.halkeco.mk) служи за преглед на јавни содржини, на која се објавуваат следните лични податоци: име или име и презиме на најактивни членови на ХалкЕко апликацијата и фотографии објавени од јавен настан (поврзан со целта на самата апликација).
Халк Банка применува соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди безбедност на вашите лични податоци од неовластена обработка или од случајно губење, оштетување или уништување.
Содржината на јавната веб-страница е наменета и се однесува на проектот ХалкЕко и карактеристиките на мобилната апликација ХалкЕко.
Податоци кои се содржани на јавната веб-страница
www.halkeco.mk: Дома; за апликацијата и карактеристиките на апликацијата; Статистика; Правила за користење на подароците достапни во апликацијата кои Халк Банка АД Скопје ќе ги доделува; Политика за колачиња; пристап до јавната веб-страница на Халк Банка АД Скопје; Галерија; Контакт и ЧПП (FAQ).
Исто така, за целите на пристапување кон оваа веб-страница се собираат и податоци за навигација:
- Вашата интернет протокол адреса (IP);
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, додатоци (plugins) и верзија;
- Страниците кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето кое го поминувате на секоја страница;
- URL на страницата која ве пренасочила на нашата веб-страница и, во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обид да ја најдете веб-страницата на ХалкЕко;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат, освен доколку околностите налагаат нивно задржување (на пр., за истражување на малициозен софтвер или злонамерни напади).
Личните податоци Халк Банка АД Скопје ги обработува во целост согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци, како и согласно другите важечки прописи кои ја уредуваат работата на Банката.
Повеќе информации за вашите права како посетител на веб-страницата ХалкЕко можете да прочитате во целосната
Политика за приватност на Халк Банка АД Скопје.
Оваа Изјава за приватност е ажурирана и објавена на ________, 2025 година.