УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ ЗА АПЛИКАЦИЈАТА ХАЛК ЕКО
Основни информации за мобилната апликацијата ХалкЕко
Мобилната апликација ХалкЕко управувана од Халкбанк АД Скопје е проект на Халкбанк АД Скопје за зголемување на свеста за еко активности и зачувување на животната средина.
Со различни активности секој корисник со секој поминат километар во пешачење, трчање или возење велосипед треба да придонесе за зголемување на еко свеста, намалување на емисија на СО2 и за засадување нови дрвја на територија на Република Северна Македонија.
Со користење на мобилната апликација ХалкЕко корисникот се согласува со овие правила и услови за користење. Правото на користење на апликацијата ХалкЕко е лично на секој корисник и не е преносливо на друго лице или субјект.
Секој корисник е одговорен за податоците кои ги внесува во апликацијата и доверливоста и вистинитоста на истите.
Мобилната апликација ќе биде достапна за сите корисници на Android и IOS мобилни апарати и направена е посебна јавна веб страна за преглед на јавни содржини www.halkeco.mk која е управувана од страна на Халкбанк АД Скопје.
Халкбанк АД Скопје не е одговорна доколку има пречки во достапноста на сервисите кои се надвор од контрола на Халкбанк АД Скопје. Банката си го задржува правото да ја прекине или привремено да биде ограничен пристапот на услугата на јавната веб страна и мобилната апликација доколку се врши реконструкција, модернизација, одржување и во случај на технички пречки или недостатоци на мрежата воопшто или некои дополнителни активности. Крајниот корисник ќе биде информиран навремено во случај на прекин на јавната веб страна или мобилната апликација ХалкЕко преку информативните канали кои ги користи Халкбанк АД Скопје.
Халкбанк АД Скопје не е одговорна во случај доколку користењето на услугите биде прекинато поради дејство на виша сила или поради дејствија на трети лица или субјекти кои може да доведат до прекинување на користење на услугите а се надвор од контролата на Банката. Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на договорените страни и кои не можат да се предвидат, а ако може да се предвидат не може да се спречат или отстрaнат и може да го оневозможат, делумно или целосно исполнувањето на договорените обврски (природни или општествени настани, акти на власт и слично), согласно Законот за облигациони односи на Република Северна Македонија.
Услови за користење на апликацијата ХалкЕко
Халкбанк АД Скопје си го задржува правото во кое било време да ги прекине, измени или дополни Условите за користење како што смета дека е неопходно и потребно.
Сите измени и промени кои ќе бидат направени и истите ќе стапат на сила откако ќе бидат јавно објавени на веб страната наменета за мобилната апликација ХалкЕко која е управувана од Халкбанк АД Скопје.
Секој корисник пред да се регистрира и започне да ја користи мобилната апликација ХалкЕко, задолжително треба да ги прочита условите за користење. Со самата регистрација на мобилната апликација и пополнување на податоците кои се задолжителни, корисникот е согласен на условите и истите ги прифаќа.
Доколку во текот на користење на мобилната апликацијата Халкбанк АД Скопје направи измена, дополнување или бришење на некои од условите на користење, корисникот ќе биде навремено известен и понатаму ако продолжи да ја користи мобилната апликација се смета дека е согласен со истите.
Условите за користење на апликацијата ХалкЕко ќе му бидат достапни на корисникот во секое време додека апликацијата е во употреба.
Основни функционалности за користење на мобилната апликација
Мобилната апликација ХалкЕко е наменета за Android и IOS мобилни телефони и ги содржи следните функционалности кој секој корисник може да ги следи за неговиот личен профил.
• Контролен екран за брз преглед на достигнувањето на корисникот (освоени HalkCoins, вкупна статистика за поминати километри во наведените активности, дневна анализа на податоците и вкупен број на исполнети таргети)
• Старт за започнато ново возење, пешачење или трчање и мерење на главните KPI на самото место (поминати километри, брзина, времетраење итн.)
• Преглед на исполнети таргети
• Листа на подароци согласно прагови на HalkCoins
• Поставување на зададени рути со време на започнување на рутата
• Предизвици во делот на одредена активност за чие исполнување се доделуваат HalkCoins и се следи прогресот на исполнување на предизвикот
• Временска рамка на поминати активности
• Листа на нотификации
• Промена на лозинка и јазик
Мобилната апликација поддржува активности за велосипедисти, пешачење и трчање.
Содржина на јавната веб страна наменета за проектот ХалкЕко и карактеристики за мобилната апликација ХалкЕко
Податоци кои ќе бидат содржани на Јавната веб страна www.halkeco.mk
• Дома, за апликацијата и карактеристики на апликацијата
• Статистика
• Приказ на подароци кои Халкбанк АД Скопје ќе ги доделува и нивна вредност во поени
• Можност на пристап на јавната веб страна на Халкбанк АД Скопје
• Контакт и често поставувани прашања
Мобилната апликација ХалкЕко и јавната веб страна ќе имаат јазична поддршка на 4 јазици:
• Македонски
• Англиски
• Турски
• Албански
Регистрирање на веб страната ХалкЕко и користење на мобилната апликација ХалкЕко
Право да се регистрираат како корисници на мобилната апликација имаат сите физички лица со деловна способност, физички лица со ограничена деловна способност или со одземена деловна способност во рамки на способноста која ја поседуваат.
Физичките лица кои имаат ограничена деловна способност или одземена деловна способност доколку се регистрираат да ја користат мобилната апликација ХалкЕко се смета дека нивниот законски застапник или старател се согласува со условите за користење на истата и со успешно регистрирање ги прифаќа во целост условите за користење и политиката на приватност.
Со користење на мобилната апликација ХалкЕко, корисникот се согласува и ги прифаќа во целост условите за користење и политиката на приватност.
Сите лични податоци кои ги внесува корисникот при регистрирање на страната и апликацијата се чуваат согласно одредбите на Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Податоци кои се потребни при регистрирање за користење на мобилната апликација ХалкЕко: корисничко име и е-маил на корисникот.
Корисникот има податоци кои треба да ги пополни како задолжителни, а некои како доброволни. Задолжителните податоци треба да бидат пополнети за да може да му биде дозволена регистрацијата за да ја користи мобилната апликација ХалкЕко.
Сите податоци кои корисниците ги пополнуваат при регистрирањето се собираат и се чуваат на страна на Халкбанк АД Скопје, нема да се врши објавување и доставување на трети страни освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи во Република Северна Македонија. Сите податоци ќе бидат заштитени и ќе се чуваат согласно законските прописи.
Халкбанк АД Скопје за јавната веб страна на ХалкЕко и мобилната апликација ХалкЕко ги презема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на корисниците со цел заштита од ризикот на неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Поединечните податоци на секој корисник од активностите овозможени преку мобилната апликација ХалкЕко, се собираат само на неговиот личен профил кој самите корисници си ги креираат со корисничко име и лозинка.
Податоците кои секој корисник на мобилната апликација ХалкЕко може да ги види на својот кориснички профил се: вкупен број на поминати километри за цел период на користење на апликацијата или по месеци, освоени HalkCoins (поени), колку CO2 е заштеден со користење на апликацијата, на која позиција е корисникот во однос на вкупниот број корисници по основ на поминати километри, колку дрвја се засадени во име на корисникот, на која позиција е корисникот во однос на корисниците од правните лица каде работи доколку корисникот достави информација за правното лице каде работи. Потоа, корисникот ќе има информација за времето, брзината и поминатите километри во текот на една активност, кои подароци и финансиски бенефиции може да ги освои за секој ранг на достигнати HalkCoins, предизвици поставени од страна на банката, организирани рути од страна на банката, историја на поминати километри по активност и по денови.
Халкбанк АД Скопје во текот на постоењето на мобилната апликација ХалкЕко, си го задржува правото да ги информира корисниците преку јавната веб стана на Халкбанк АД Скопје, јавната веб страна на ХалкЕко и преку мобилната апликација ХалкЕко за воведени промоции поврзани со користење на мобилната апликација ХалкЕко. Халкбанк АД Скопје може со одредена кампања да одлучи да им даде одредени поволности, подароци и финансиски бенефиции на корисниците на мобилната апликација кои на денот на предавање на подарокот треба да имаат активна сметка во Халкбанк АД Скопје. Секоја кампања или промоција ќе биде дополнително ажурирана со правила за истата.
Со самото регистрирање на мобилната апликација ХалкЕко, корисникот е согласен да биде информиран за тековните измени и новости за апликацијата и активности поврзани со мобилната апликација ХалкЕко.
На јавната веб страна за апликацијата ХалкЕко ќе бидат прикажани вкупниот број регистрирани правни лица, вкупниот број регистрирани корисници, вкупно доделени подароци, вкупно поминати километри, вкупна заштеда на емисија на CO2 и вкупен број дрвја засадени од страна на банката. Ќе бидат прикажани и најактивните членови по корисничко име и правни лица во вкупен број поминатите километри. Корисникот се согласува да биде прикажан со своето корисничко име на јавната веб страна доколку се најде во листата на најактивни членови. Личните податоци кои корисниците ги внесуваат при регистрација нема да бидат јавно објавени ниту достапни за другите корисници. Халкбанк АД Скопје ги обработува податоците за секој корисник во однос на патеката на движење и поминатите километри и ги зачувува само поминатите километри како бројка. Сите останати информации се бришат и Халкбанк АД Скопје не чува историски податоци за рутата на движење од точка А до точка Б.
Заради заштита на личните податоци, имајќи предвид дека банката нема да ги зачувува податоците за патеката на движење и истите ќе бидат веднаш избришани, корисникот ќе ги има на увид само автоматските пресметани HalkCoins.
Мобилната апликација автоматски врши собирање на вкупниот број поминати километри од активностите на корисниците и дава приказ на собрани HalkCoins од вкупниот број километри.
Преземање на мобилната апликација ХалкЕко
За да се преземе мобилната апликација ХалкЕко корисниците треба да имаат активна интернет конекција – безжична интернет врска на мобилниот уред или истата може да биде и Wi-Fi конекција.
Мобилната апликација е достапна на Google Play Store за Android мобилни уреди и App Store за IOS мобилни уреди.
Собирање и точност на податоците
Корисникот на апликацијата ХалкЕко се согласува да ја користи мобилната апликација ХалкЕко на сопствена одговорност за регистрирање и споделување на личните податоци. Корисникот е одговорен за секоја споделена информација на сопствена иницијатива и волја. Со прифаќање на условите на користење, ја искажува својата согласност дека под целосна морална, материјална и кривична одговорност ги прифаќа условите и потврдува за точноста на личните податоци кои се достапни.
Политика на приватност и заштита на личните податоци
Халкбанк АД Скопје на сите корисници на мобилната апликација ХалкЕко им ја гарантира заштитата на лични податоци согласно одредбите на Законот за заштита на лични податоци.
Сите корисници, пред да се регистрираат за користење на мобилната апликација ХалкЕко се должни да ги прочитаат условите за користење за истата и со самото регистрирање на мобилната апликација ХалкЕко да потврдат дека ја разбираат содржината и се согласни со политиката на приватност. Оваа политиката на приватност и заштита на лични податоци се однесува за содржината на јавната веб страна за проектот ХалкЕко и за користење на мобилната апликација ХалкЕко.
Бришење на податоците
Сите профили кои корисниците ќе ги креираат, со завршување на проектот ќе бидат деактивирани и податоците ќе бидат заштитени согласно Законската регулатива.
Со деактивирање на профилот, корисникот нема да има пристап до мобилната апликација.
Доколку корисникот на своја волја ја деактивира мобилната апликација од својот мобилен уред и по одреден временски период повторно сака да ја користи, потребно е со истите податоци од првичното креирање на профилот да ја активира.
Доколку корисникот ја контактира банката за целосно да му се деактивира профилот и за следно користење на мобилната апликација, ќе биде потребно да креира нов профил со нова маил адреса.
Останати права и обврски за користење на мобилната апликација ХалкЕко
Халкбанк АД Скопје како носител на проектот ХалкЕко е одговорна за податоците кои се наведени на јавната веб страна и го задржува правото согласно потребите да направи измени, дополнувања или да избрише некои податоци.
Секој корисник со самото регистрирање на мобилната апликација ХалкЕко и активирање на свој профил за регистрирање на некои од активности за велосипедисти, пешачење и трчање се смета дека се согласува во целост со условите за користење и подразбира писмен склучен договор помеѓу двете договорни страни и истиот има правна сила на двострано потпишан договор.
Евентуалните спорови по овој Договор, договорните страни ќе се обидат да ги решат спогодбено, по мирен пат со претставници од двете договорни страни, а доколку тоа не е можно надлежен е судот во Скопје. Надлежниот суд во случај на спор ќе ги смета општите услови за користење како договор склучен помеѓу двете договорни страни. Доколку судот смета некоја од горенаведените точки како неважечка, тоа нема да влијае врз валидноста на која било друга точка од овие услови и ќе си останат во сила.