Секој корисник на апликацијата при достигнување на одредено ниво на собрани Halkcoins може да одбере од понудените и достапните награди за конкретното ниво.
• За подигнување на подарокот секое лице потребно е да отвори платежна сметка во Халкбанк АД Скопје.
• При достигнување на одреден број на Halkcoins корисникот може да одбере само 1 (еден) подарок од видот на подароци бонус поени од иста вредност на Mastercard кредитна картичка издадена од Халкбанк АД Скопје во текот на 1 (една) година, од 1 Јануари до 31 Декември во тековната година. Бонус поените може да се искористат само за доделување на Mastercard кредитна картичка на корисникот кој ги реализирал коините и не може да се доделат на друго лице по барање на корисникот на апликацијата.
• Корисникот може да одбере само 1 (еден) подарок од видот на подароци осигурителна полиса од ист вид во текот на 1 (една) година, од 1 Јануари до 31 Декември во тековната година. Осигурителна полиса може да се издаде само за корисникот кој ги остварил коините со своите активности за личен имот.
• Корисникот може да одбере само еднаш во времетраење на рочноста на финансискиот производ подарок кој влијае на промена на каматна стапка за истиот финансиски производ во Халкбанк АД Скопје.
• Во случај на доделување на вредносни ваучери како подароци со ограничена количина, за нивно искористување важи правилото прв пријавен - прв доделен. Корисникот може да подигне еден ваучер од иста вредност во текот на една кампања, односно до искористување на објавената количина ваучери.
За искористување на коините, секој корисник треба да одбере подарок од достапните подароци и финансиски бенефиции на ХалкЕко апликацијата. Веднаш потоа ќе биде исконтактиран по е-маил за достава на информации како Име и Презиме, е-маил адреса и број на платежна сметка во Халкбанк АД Скопје, со оглед на тоа што за подигнување на подарокот корисникот е потребно да има отворено платежна сметка во Халкбанк АД Скопје. Подарокот потребно е да се подигне во рок од 30 дена. За секоја промена во начинот на искористување на подароците и додавање на нови видови награди корисниците ќе бидат известени преку известување на апликацијата ХалкЕко или преку е-маил.